Непријавените демонстрации во Цирих, по повод Меѓународниот ден на жената, се претворија во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.
За време на протестот, полицијата употребила солзавец и палки за да ја растера толпата, додека некои од учесниците морале да добијат лекарска помош поради повредите со кои се здобиле за време на судирите.
Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како полицајци интервенираат против демонстрантите, користејќи гумени куршуми, палки и бибер спреј.