Палевски тврди дека пресудата за него е нарачана и веќе донесена

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска повторно побара изземање на судијата Ивица Стефановски, поради, како што рече, попречување на изведувањето на доказите во негова одбрана.

– За мојата листа на докази Судот пристрасно констатраше и донесе одлука дека доказите кои се во моја корист не можам да ги изведам затоа што веќе биле изведени. Тоа не е точно, затоа што без согласност од обвинетиот, судијата дозволи да се читаат наслови и датуми на докази и да се прокоментираат со една реченица, без да се изнесат детали за околности. Мојот обид процедурално да изнесам детали кои се во моја корист беа одбивани, поради што ќе барам изземање. Без моја согласност во погрешен контекст се прочитаа сите 54 вештачења, а Судот одби и јас да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. Тоа е причина за барање за изземање. Од претседателот на Кривичен суд барам изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски поради пристрасност, во нова околност. Минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за оневозможување на фер и рамноправна одбрана, затоа што ја злоупотребува позицијата и дискреционите права – рече Палевски.

Тој наведе дека при вештачењето на „реното кангу“ се подигнати 20 траги.

– Обвинителството незадоволно што нема траги од Палевски во „кангуто“, прави дополнително вештачење на 20.12 2023, па се најдени 4 траги, но не се објасни каде е трагата од обвинетиот и ништо од тоа не беше изложено во доказот, што ја прејудцира пресудата. За предмет за двојно убиство потрошив 5 рочишта за да дојдеме до констатација дека ОЈО заборави да провери поседување на оружје, а судијата го спречи барањето на оружјето  – рече Палевски.

Тој потсети на исказот на полицискиот службеник од Велес од претходното рочиште дека постоел пиштол со дозвола, кој недостасува, но дека судијата одбил да издаде наредба за предметниот пиштол.

– Обвинението почнува дека јас сум бил во куќата на Панче, сум го зел неговиот телефон и сум го фрлил на друга локација, но на вештачењето на тој телефон не се најден траги од Палевски. Ние не можеме да го најдеме видеото кое е евидентирано во МВР и доствено до ОЈО со кое се покажува дека додека Кешишев вади ранец пред куќата на Манев, „кангуто“ е во Скопје. Сејф сити го евидентитало сосе регистерскиот број. Барам изземање на судијата кој крие оружје затоа што не му се вклопува во однапред нарачаната пресуда, затоа што таа е донесена на прес конференција на 5.12.2023 година од страна на Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија ниту ме плаши, ниту влијае на мене – рече Палевски.

Судијата одговори дека Судот донел решение дека барањето за изземање се одбива и дека против тоа решение не е дозволена жалба.

Share This Article