Кинеската компанија Jiangling Group Electric Vehicle (JMEV) планира да изгради фабрика за електрични автомобили во Сремска Митровица (Србија), со цел да извезува возила во Европската Унија без царина.
Оваа одлука е донесена во време кога ЕУ воведе високи даноци за електричните автомобили од Кина, а Србија станува атрактивна локација поради договорот за слободна трговија со Пекинг.
Според Бранкица Зјалиќ, проект-лидер на ЈМЕВ Србија, одлуката за висината на инвестицијата ќе се донесе во следните два месеци и ќе зависи од тоа дали фабриката ќе произведува 3.000 или 5.000 возила годишно.
– Србија е мост меѓу Кина и Европа кога станува збор за продажба на електрични автомобили – изјави Зјалиќ за РСЕ.
Во октомври 2024 година, ЕУ воведе царини до 35% за електрични возила произведени во Кина, за период од пет години за да ја заштити европската авто индустрија од конкуренција на кинеските производители кои имаат државните субвенции.