Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, стана првиот македонски спортист што обезбеди пласман на Зимските олимписки игри 2026 во Милано.
Тој ја осигура квотата со својот настап на Светското првенство во нордиско скијање што се одржува во Трондхејм, Норвешка.
Јада на 27 февруари настапи во квалификациската трка и заврши на 126-то место од вкупно 182 натпреварувачи. Во дисциплината 10 км класичен стил тој се пласираше на 107-то место, додека вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, оствари одличен резултат и се најде на 41-то место.
„Како наш претставник на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое се одржува од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка, Ставре Јада успеа да обезбеди квота за Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано – натпреварот од соништата на секој спортист“, соопштија од Скијачката федерација на Македонија.
Со овој успех, Јада станува првиот македонски скијач што си обезбеди место на претстојната Олимпијада.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
