Украина и Полска договорија акциски план за итни и долгорочни одбранбени проекти, соопшти украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, на заедничка прес-конференција со полскиот министер Владислав Косинјак-Камиш, одржана денеска во Варшава.
Полска останува еден од главните логистички центри за испорака на воена помош за Украина, а новиот договор предвидува засилување на противвоздушната одбрана и заеднички развој на воени технологии.
– Полска подготвува нов воен пакет вреден над 200 милиони евра за Украина – изјави Косинјак-Камиш, истакнувајќи дека поддршката од Варшава останува цврста. Според него, продолжувањето на преговорите меѓу Украина и САД дава надеж за праведен мир.