На Тајмс Сквер во Њујорк се појави џиновски балон со кукла за надувување во сино бикини висока 18,3 метри, на кој е прикажана ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Тоа е дел од новата кампања која ја промовира Skims Swim за новата линија на костими за капење и за долна облека.
Инсталацијата предизвика лавина реакции поради нереалните пропорции на куклата која наликува на 44-годишнат Ким.
– Типично за Тајмс Сквер бидејќи сакаат да ги прават работите на голем начин. А тоа е Ким Кардашијан, се разбира, и нејзиниот задник – коментирал вџашен минувач по улиците на Њујорк за американските медиуми.
Коментарите се дека тоа е малку лудо и е малку премногу дури и за Ким Кардашијан, иако таа сака да биде во центарот на вниманието.
Новата колекција на костими за капење на Skims Swim денеска ќе биде пуштена во продажба, а Кардашијан е коосновач.