Background

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој утрово пристигна во Скопје и тука ќе остане 3 дена.

Тие, на официјалната средба со Јандроковиќ во хрватската амбасада во Скопје порачаа дека го негуваат хрватскиот јазик, историја и наследство, но ги посочија и предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението на хрватскиот Сабор.

На Јандроковиќ му биле „укажани предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Македонија“.

- Advertisement -
Ad image

Тој им рекол дека Саборот работи на промоција на хрватското наследство во Македонија.

Јандроковиќ денеска треба да се сретне и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Тој ќе има и обраќање во македонското Собрание. Предвидени се и средби со хрватскиот бизнис клуб, кој обединува претставници на хрватските компании кои работат во Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation