Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави за БТА адвокатот на Пендиков, а пренесе Бугарското национално радио.
Пресудата е донесена нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.
Секретарот на веќе поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“, бил нападнат и завршил со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби.
Тој беше донесен со бугарски претседателски авион на лекување на Воената медицинска академија во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу Македонија и Бугарија. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше свечено врачено од страна на бугарскиот политички врв.
Пендиков тврдеше дека бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, додека одбраната го оспоруваше мотивот.
Деталните причини за пресудата што ја изрече судијата Бојан Мартиновски од охридскиот суд ќе станат јасни кога писмено ќе им биде презентирана на двете страни во случајот, по што секоја од нив – и обвинителството и одбраната – имаат право на жалба во рок од 14 дена, пренесе БНР.бг.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
