Премиерот на најголемиот остров на светот денеска изјави дека неговите жители не сакаат да бидат „ни Американци, ниту Данци, туку Гренланѓани“.
„Ние не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани. Американците и нивниот шеф мора да го разберат ова. Ние не сме на продажба и не може едноставно да бидеме преземени“, напиша Муте Егеде на Фејсбук еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот рече дека „САД вака или онака ќе го добијат Гренланд“.
Трамп исто им порача на Гренланѓаните дека „ние силно го поддржуваме вашето право да ја одредите сопствената иднина, и ако сакате, ви посакуваме добредојде во Соединетите Американски Држави“.
Парламентарните избори во Гренланд се закажани за 11 март. Владејачката партија Инуити Атакатигиит рече дека нема да избрзува со гласањето за независност по општите избори, предупредувајќи за можните економски импликации.
Анкетите покажуваат дека мнозинството од речиси 57.000 Гренланѓани се против приклучувањето кон САД, но и дека повеќето од нив се залагаат за независност од Данска.
Tagged as:
Премиерот на Гренланд му одговори на Трамп
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
