Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека израелските власти „си играат со оган“ со нивните провокации, насочени кон џамијата Ал Акса во Ерусалим.
Тој ја даде изјавата вечерва во Анкара за време на официјалната ифтар вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан со странски амбасадори, организирана од владејачката Партија на правдата и развојот.
– Сакам да ги потсетам моите соговорници дека џамијата Ал Акса е нашата црвена линија – рече Ердоган, нагласувајќи дека муслиманите, кои претставуваат четвртина од светската популација, заслужуваат активно да учествуваат во донесувањето одлуки од светско значење.
На крајот од својата изјава претседателот на Турција рече дека Израел нема да го постигне мирот што го сака без создавање на независна и географски посебна палестинска држава, заснована на границите од 1967 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
