Бара да се покаже снимка од Сејф сити за да се види дека е во право

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Јавното обвинителство тврди дека на 22 ноември минатата година, околу полноќ, автомобилот кангу бил паркиран во дворот на Велибор Видевски во Велес, а на снимката од Сејф сити, на првото ЦД, камера број 67, јасно се гледа дека истото тоа возило се движи низ Скопје“.

Ова на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го изјави првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој во судницата презентираше докази кои лично ги напишал во тетратка и кои ги доставил до Судот.

„Јас барам од ова известување да се изведе еден фајл од Сејф сити, од првото ЦД, од камера број 67, од 22.11 на полноќ, кога кангуто, според ЈО се наоѓа кај Велибор во двор, а на снимката се гледа дека е во Скопје. Тоа е видео кое не беше презентирано, а го има на цедето. Трае неколку секунди. Исто така, во листата на докази на ЈО стои известување за цитроен ВЕ-2931-АД и за рено кангу, обезбедени по наредба на ОЈО, бараме од ова известување да се изведат конкретни податоци за двете возила со табела од серверот на паметен град за движење на двете возила.

На прашањето од судијата дали оваа листа е единствената листа на докази која ја предлага, обвинетиот одговори потврдно.

– Делумно се изведени некои докази. Како пример го земам доказот за вештачење на сива лента. ЈО прочита три извештаи од Судска медицина, 22. 23 и 24, три извештаи од 3.12, 4.12 и од 25.1, но не е изведен доказот кој јас го предлагам, а е дел од вештачењето на судска медицина од 15.12.2023. Ова го најдов во списите на ЈО, но не беше наведено во листата на докази. Доказот 4, 5 и 6 се наредба за вештачење за присуство на „рено кангу“ на местото на настанот. ЈО само рече дека земјата најдена на местото на настанот не одговара со земјата на гумите. Во врска со папиларните линии, тие не постојат, но на вештачење за биолошки траги на телефонот на Панче Жежовски не беше објаснето на која околност се вештачи. За „кангуто“ беше кажано дека се најдени три траги, а не беше кажано дека се подигнати 21 трага, 11 од предниот дел, а 10 од задниот дел од возилото, од кои еден дел се неупотребливи за вештачење и без да се каже на кој предмет е најдена биолошка трага во возилото, само се исчитаа имињата на лицата чии траги се најдени. За трагите во „ренџ роверот“ е направена најголемата злоупотреба на ОЈО во оваа постапка. Предмети вештачени од ова возило во кое сум оставил 7 ДНК траги, сите предмети беа ставени како предмети пронајдени на лице место – рече Палевски.

Судијата донесе одлука главната расправа да се одожи за да направи увид Судот во доказите што ги поднесе Палевски.

Судењето продожува на 7 март, па на 12 март. Потоа на 17 март и на 19 март , па на 24 март и на 26 март. Сите рочишта во 9.30 часот.

Од 12 до 26 март ќе се прави распит на обвинетите. Прво Велибор Манев, па Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски, па Љупчо Палевски-Палчо.

Без разлика што ќе се случи со расправата во понеделник, во среда секако ќе биде распитот на Велибор Манев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article