Бен Афлек повторно е сликан во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Папараците ги фотографирале насмеани, блиски и во прегратка, сред „Пејнтбол“ игра со нивниот син Семјуел во Кастаик, Калифорнија, САД, но и по таа семејна активност, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).
И претходно американските медиуми тврдеа дека двојката минува сѐ повеќе време заедно, откако Афлек се разведе од Џенифер Лопез. Во меѓувреме, „оскаровецот“ мораше да се засолни во куќата на Гарнер во јануари, оти неговиот дом беше во опасност од пожарите околу Лос Анџелес.
Афлек и Гарнер останаа во пријателски односи по нивната разделба во 2015 година, а се разведоа во 2018 година.
Иако Гарнер е во врска со Џон Милер речиси седум години, неодамна се појавија тврдења дека и тој „е прилично незадоволен“ од нејзините сè поблиски односи со поранешниот сопруг.