Повтроен напад на новинар во Охрид – Инцидент што поставува прашања за законите
Охрид, 03-03-2025 – Во вчерашниот инцидент кој предизвика вознемирување во градот, поранешниот Началник на СВР Охрид, Зоран Сарафилоски-Шипе,го нападна новинарот Сашо Денесовски од редакцијата„Охридскај“ во кафетерија “План Б’, додека тој извршуваше службени новинарски задчачи.
Претходни кривични постапки
Редакцијата „Охридскај“ со позив на званичен извор од Министерството за внатрешни работи на РСМ извештај,(билтен на настани) дека поранешниот висок стрешина во МВР на РСМ беше веќе фатен пред еден месец при кражба во Кам Маркет во Охрид. Дополнително, истото лице беше пофторно фатен пред само четири , при точење гориво, користејќи или креирајќи фактура на јавната научна установа „Хидробиолошки Институт Охрид“. Овој инцидент, според извештаите, преставува кривично дело, за кое, согласно Законот за информации од јавен карактер на РСМ, беше побарана официјален одговор од ЈНУ „Хидробиолошки Институт Охрид“.
Настанот во кафетеријата План Б
Во текот на целиот ден, Зоран Сарафилоски-Шипе, според информации, го демнел,поточно го следел движењето на уредникот и новинарот Сашо Денеосвки .При влегување на Денесовски, во кафетеријата План Б, нападачот се упатил по него, со што преку физичко дејствување и закани дека, поради објавените наводи за неговите претходни кривични дејства, ќе го убиел,при што употребувал плуиканицци,пцости и други вулгарности. Настанот веднаш беше пријавен во полицијата, а при доваѓање на полициските службеници ,истиот се даде во бегство од зана шибер врата на кафетеријата План Б.
За заштита на новинарите и поставените прашања:Согласно законските прописи, новинарите при извршување на службени дејстви се сметаат за јавни службени лица, што ги заштитува од било какви напад или притисоци. Инцидентот повикува сериозни прашања: како може лице кое, во својата цела работна кариера, било плаќано од граѓаните за спроведување на законот, да се вклучи во вакви неправомерни дејствија? Оваа дилема го осветлува проблемот со двојните стандарди во спроведувањето на законските прописи, каде што оние што треба да го штитат редот, сами ја нарушуваат довербата во институциите.
Редакцијата „Охридскај“ и новинарската заедница во целина бараат стога мерки и званична објаснување од полицијата за инцидентот. Граѓаните очекуваат дека ќе се преземат одговарачки мерки за спречување на вакви случувања, со цел да се заштити слободата на говорот и правото за објективно известување на граѓаните како и безбедноста на оние кои ја извршуваат службата на јавна информираност.
Во прашањето „Каков закон спроведувале ваквите лица нарушители на законите во својот работен век во безбедносни служби на високи полициски функции, и дали тоа преставувало основ за нивно лично незакониот богатење?
Извештај на СВР Охрид,каде отворено прашуваме зошто не е наведен НАПАД ВРЗ НОВИНАР, туку настанот се маргилизира?
На 04.03.2025 во 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека З.С.(54) од Охрид агресивно се однесувал кон С.Д.(58) од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.