Руската војска во текот на ноќта изврши нови напади со беспилотни летала врз неколку украински региони. Смртните случаи се регистрирани во близина на градот Одеса и во регионот Керсон. Во Одеса е оштетена енергетската инфраструктура, а дел од градот остана без струја.
Според гувернерот на Одеса, Олех Кипер, нападите ја оштетиле енергетската инфраструктура, оставајќи дел од градот без струја, вода и греење. Неколку згради беа оштетени од урнатините од соборените дронови. Цивилната заштита известува и за пожари.
Во нападите во село во близина на градот Одеса е убиен 77-годишен маж. Забележан е смртен случај и во областа Керсон, каде што загина 55-годишен маж, јавуваат странските новински агенции.
Според украинската војска, противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила вкупно 115 руски беспилотни летала над неколку украински региони.