Background

Грчкиот парламент ја одобри истрагата за помошникот на премиерот за железничка несреќа

Грчкиот парламент во вторникот го потврди формирањето на истражен комитет за утврдување на можната кривична одговорност на близок соработник на премиерот Киријакос Мицотакис. Тој е обвинет за уништување докази за железничката несреќа во Лариса во 2023 година, во која загинаа 57 лица.

Грчката опозиција се обедини во остри критики и на владата и на поранешниот државен секретар во кабинетот на премиерот, Христос Триантопулос, обвинувајќи ги за одговорност за „двојно злосторство“ – и за самата трагедија и за наводното уништување на важни докази по несреќата, пренесува француската новинска агенција АФП.

Триантопулос е обвинет дека одобрил брзо отстранување на последиците од несреќата, што доведе до уништување на доказите. Поранешниот државен секретар ги отфрла обвинувањата и тврди дека сите одлуки во врска со местото на трагедијата биле донесени „исклучиво од оперативните и административните органи пред доаѓањето на владината делегација“.

- Advertisement -
Ad image

Се очекува денеска опозициските партии Пасок, Сириза и уште две помали левичарски партии да поднесат барање за недоверба на конзервативната влада.

325.000 луѓе се собраа на протести низ Грција минатата недела за да ја одбележат втората годишнина од најголемата железничка катастрофа во историјата на земјата. Најголем број, околу 200.000, се собраа пред парламентот во Атина, каде што избија немири.

Анкетите покажуваат дека повеќето Грци веруваат дека официјални лица прикриле важни докази по несреќата, забавувајќи ја истрагата, која сè уште е во тек.

Обвинети се повеќе од 40 лица, вклучително и управителот на локалната станица кој беше одговорен за насочување на возовите, но судењето не се очекува пред крајот на годината. Владата, пак, ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека стои зад „организиран план“ за заштита на високи функционери од одговорност.

Несреќата се случи на 28 февруари 2023 година, кога товарен и патнички воз, со повеќе од 350 луѓе, главно студенти, се судрија во близина на тунел северно од Лариса.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation