212 лица казнети за брзо возење, полицијата изрече вкупно 777 санкции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли на подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издале 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Како што информира МВР, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53, па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирано е и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои биле технички неисправни.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност и апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Share This Article