Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која доживеа мозочен удар при денешните инциденти во Собранието кога опозицијата фрли шок-бомба.
„Во посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи!“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Претходно, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ѝ порача на опозицијата во Собранието:
„Ако ѝ се случи нешто на Јасмина Обрадовиќ, ако го загуби животот, во Србија сте почнале нешто што досега не е видено. Срам да ви е, вие сте терористичка банда“.