Првата пролетна седница на српскиот парламент веднаш по почетокот се претвори во целосен хаос

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првата пролетна седница на српскиот парламент веднаш по почетокот се претвори во целосен хаос, бидејќи пратениците од опозицијата внесоа факели во салата, кои во еден момент ги запалија. Беа запалени неколку факели, а во салата не се гледаше ништо, додека пратениците се гушеа од чадот.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ едвај зборуваше, држејќи шамиче до устата, повикувајќи ги пратениците од опозицијата да седнат на своите места и да продолжи работата.

За неколку моменти беа фрлени шишиња и кон пратениците од опозицијата, кои на насилството одговорија со развиорување на српски знамиња.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ од говорницата изјави и дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.

– Таа е во критична состојба, имаше мозочен удар и се бори за живот. Таа е во смртна опасност бидејќи ја погоди шок-бомбa – изјави Брнабиќ.

Станува збор за пратеник од списокот на Александар Вучиќ, роден 1961 година и дипломиран економски науки. Пратеничка е од 2012 година.

Share This Article