Полицијата упаси насилник од село Чегране кој бил баран за издржување казна од година и шест месеци, информира СВР Тетово. Тетовските полицајци заедно со колеги од Секторот за меѓународна полициска соработка го привеле 42-годишниот Б.Н.
Тој бил уапсен во 20.30 часот на улица Иво Лола Рибар во Гостивар и спроведен во Затворот Идризово.
„Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен.