Средба МЕП Муртезани – директорката на УНОПС Телатин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС во Србија (Multi-Country Office), на која што беше потврдена долгогодишната успешна соработка во рамките на проектите поддржани од Шведска преку Шведската агенција за меѓународен развој (SIDA) и Швајцарија преку Швајцарската агенција за развојна соработка (SDC).

Министерот Муртезани изрази задоволство од долгогодишната соработка со УНОПС, особено со канцеларијата во Скопје, со која што веќе шест години заеднички работат на унапредување на европскиот реформски процес на Северна Македонија. Тој нагласи дека успешното завршување на првата фаза од проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, претставува силна основа за натамошни активности, а МЕП останува посветен на неговата доследна имплементација.

Муртезани и Телатин истакнаа дека во изминатиот период беше обезбеден континуитет на проектните активности, дека успешно се адресираа предизвиците и дека беше дадена потребната стручна насока за процесот. Дополнително, беше нагласена поддршката во повеќе клучни области, како што се подготовката на Националната верзија на ЕУ acquis преку превод и правна ревизија, подготовка на Насоки за интегрирање на антикорупциските стандарди во различни поглавја од acquis-то, зајакнување на капацитетите на медиумите, организација на настани за подигнување на јавната свест за процесот на ЕУ интеграција и Реформската агенда 2024 – 2027, експертска поддршка и јакнење на административните капацитети.

Share This Article