Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина соопшти дека од пазарот се повлекуваат „Дубаи“ чоколатцата, произведени во Турција, откако потрошувач пријавил дека во едно од нив пронашол шраф.
Според агенцијата ФЕНА, спорното чоколадо припаѓа на брендот „Roso Bjanko Dubai чоколада“ и се продава во самопослужни апарати за топли и ладни напитоци.
Овие апарати се во сопственост на компанијата Пиксел од Цазин, која е задолжена за дистрибуција на производот.
Надлежните институции ги повикаа потрошувачите на претпазливост додека трае процесот на повлекување на чоколатцата од пазарот.