Background

ССМ БАРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА Ако не се прифати ќе организира штрајк

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска е доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари работодавачите од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата, како и дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари да биде задолжително и за работодавачите од приватниот сектор кои исплаќаат плата и над износот на минималецот.

Според претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Секој глас против зголемување на платите, истакна Трендафилов, е глас за купување билет во еден правец и напуштање на државата

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на ССМ кажа и дека минималната плата треба да биде утврдена најдоцна до 15 март ако се земе предвид дека сметководителите треба да ги прават пресметките, а платата треба да биде исплатена најдоцна до 15 април.

Економско-социјалниот совет (ЕСС) моментно е нефункционален, а причината е, рече Трендафилов, тоа што Владата ги повлекла тројцата членови од Комисијата која одлучува за репрезентативноста на синдикатите.

-Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците, како што беа сложни за нивните патни трошоци, да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во Македонија. Ние не правиме упад во даночната политика, напротив. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или 18 отсто – нагласи Трендафилов.

Тој изрази надеж дека Владата на наредната седница, веројатно утре, ќе треба да ги утврди тројцата членови во Комисијата за репрезентативност.

-Додека ССМ не добие репрезентативност за да се состане ЕСС кој и по закон дава мислење до министерот надлежен за работите од областа на трудот да ја објави новата вредност на минималната плата, се поставува знак прашалник дали спротивно на Законот некој ќе може да објави висина на минимална плата, имајќи предвид дека е задолжително потребно мислење од ЕСС – напомена Трендафилов.

Зависно каква одлука ќе донесат Владата и работодавачите, ќе зависи и како понатаму ќе делува ССМ.

– Дојде време да бирате дали сте за или против работниците. Вашето бирање дали сте за или против работниците значи во кој правец ССМ ќе ја креира политиката. Ако некој одлучи да биде безобразен, ќе бидеме двојно безобразни, ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандард на работниците, еднострано можеме да донесеме одлука за штрајк, подвлече Трендафилов.

Претседателот на ССМ и во оваа прилика рече дека работниците денес можеби немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со некои синдикалци кои работат на нивна штета и минималната плата да не се зголеми. Воедно потсети дека минималните плати во регионот се движат од 457 до 800 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation