Обожувачите на Деми Мур на социјалните мрежи не ја кријат разочараноста од одлуката на академијата и се пожалија дека актерката е изоставена.
„Моето срце се скрши кога Деми Мур не си го слушна името. Ова беше нејзина година. Хоророт секогаш добива нефер третман“, гласи еден коментар.
Инаку, откако Медисон ја доби престижната статуетка, им се заблагодари и на другите актерки номинирани во таа категорија, меѓу кои и на Деми Мур.
– Сакам да ја истакнам внимателната, интелигентна, убава и неверојатна работа на моите номинирани колеги. Почестена сум што сум во ваше друштво. Ова е остварување на сонот, веројатно утре ќе се разбудам мислејќи дека сонувам – рече таа.



