Владата предводена од коалицијата Вреди продолжува да ја демонстрира својата посветеност за подобрување на животниот стандард и економското зајакнување на граѓаните. Една од значајните мерки во оваа насока е зголемувањето на минималната плата на 400 евра (24.400 денари), што ќе почне да се спроведува од април и ќе се одрази на платите што работниците ќе ги добиваат во мај, информираше Вреди преку соопштение.
„Како што најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ова зголемување е резултат на имплементацијата на законската формула за утврдување на минималната плата, која се заснова на 50% од индексот на расходи за претходната година и 50% од просечната плата. Овој механизам гарантира правично и одржливо зголемување на платите, обезбедувајќи граѓаните директно да имаат корист од економскиот развој на земјата. Коалицијата Вреди го смета зголемувањето на минималната плата како важен чекор кон подобрување на условите за живот и зајакнување на куповната моќ на граѓаните. Сепак, остануваме посветени на продолжување на реформите и другите мерки за поддршка кои позитивно ќе влијаат на благосостојбата на граѓаните и на економската стабилност на земјата. Во оваа насока, Владата ќе ја продолжи блиската соработка со синдикатите, бизнисите и сите релевантни чинители за да гарантира повисоки плати, подобри работни услови и фер економски развој“, наведено е во соопштението.
Инаку, во моментов минималната плата изнесува 23.560 денари, односно 367 евра.