Вчера во Лондон е донесена одлука за продолжување на војната во Украина, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пренесе Тасним њуз.
За потсетување, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на 19 земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.
„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук.
Тој потоа додаде дека „ова е лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
На состанокот, чијшто домаќин беше премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и премиерот на Канада, Џастин Трудо, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.