Background

Будимпешта блокираше нацрт-документ на Унијата

Унгарија го блокираше нацрт-документот за безбедносни гаранции и нова воена помош за Украина за време на состанокот на амбасадорите на ЕУ во петокот, објави Политико.

Според весникот, „во петокот Унгарија го отфрли нацрт-текстот за Украина кој вклучува јазик за безбедносните гаранции што блокот може да му ги даде на Киев, како и нов пакет воена помош“.

На 24 февруари, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија нема да го поддржи планот на Европската унија да додели десетици милијарди евра дополнителна воена помош за Украина. Тој, исто така, изрази противење на какви било избрзани одлуки за продолжување на индивидуалните санкции против руски поединци и бизниси.

- Advertisement -
Ad image

На самитот на европските лидери во Лондон беше одлуено дека ќе продолжи европската поддршка за Украина и дека е неопходно повторно вооружување на Украина за безбедноста на Европа. Орбан ја коментираше оваа одлука како „одлука за продолжување на војната“.

– Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На самитот во Лондон што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот словачки колега Роберт Фицо уште пред самитот на европските лидери во Лондон го предизвикаа европскиот фронт за Украина.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Антонио Коста oд саботата, Орбан ја повика ЕУ да се вклучи во директни преговори за прекин на огнот со Русија , отсликувајќи ги напорите на САД под Доналд Трамп.

Словачка, пак, зазема уште потврд став. Во изјавата како одговор на спорниот состанок на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, словачкиот премиер Фицо рече дека неговата земја ќе одбие финансиска или воена поддршка за Киев и го отфрли пристапот на Западот „мир преку сила“ како нереален.

Унгарија и лани во мај блокираше европски пакет помош вреден 500 милиони евра за Украина. Меѓутоа, подоцна истиот ден, Унгарија го повлече своето вето откако претставници на ЕУ го убедија Виктор Орбан да ја напушти просторијата за време на финалната одлука.

Медиумите тогаш пишуваа дека Орбан „отишол на кафе“ за време на гласањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation