Background

Обвинителството бара строги мерки за 47-годишникот кој на жртвата ѝ ги скршил нозете

Јавниот обвинител побара мерки на претпазливост за 47-годишен маж, против кого е поведена истрага за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, откако во алкохолизирана состојба удрил во пешак на обележан премин.

„Обвинителството предложи привремено одземање на возачката дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница“, информираат од Обвинителството.

Настанот се случил на 2 март, веднаш по полноќ, на улицата Св. Кирил и Методиј. Осомничениот управувал „мерцедес“ во левата сообраќајна лента, но не се придржувал кон сообраќајните прописи, загрозувајќи го јавниот ред и безбедноста. Според истрагата, тој возел со 1,35 промили алкохол во крвта и со брзина поголема од дозволената. Пристигнувајќи до обележаниот пешачки премин, не ја намалил брзината ниту запрел, по што со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на пешакот, која во тој момент ја поминувала улицата.

- Advertisement -
Ad image

„Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долните екстремитети“, додаваат од Обвинителството.

По завршувањето на истражната постапка, ќе следуваат дополнителни правни чекори во согласност со законските процедури.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation