Туниски државјанин е осуден на доживотен затвор без помилување во Франција за убиство на три лица во базилика во Ница на француската ривиера во 2020 година.
Брахим Аусаи (25) е обвинет за тероризам.
Тој ја призна одговорноста за нападот за време на неговото судење во Париз, иако рече дека оттогаш не се сеќава на ништо.
Тој исто така изјави дека сака да се одмазди за „муслиманите кои беа убиени ширум светот од западните нации“.
На 29 октомври 2020 година, Аусаи уби три лица во црква, полицајци пукаа во него, но тој се фрли кон нив, извикувајќи „Алаху Акбар“ (Господ е голем).
Нападот, еден од трите што француските власти им ги припишуваат на исламските екстремисти, ја поттикна владата да ги подигне безбедносните мерки на максимално ниво.