Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90% од договорите за странска помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и 60 милијарди долари помош од САД низ светот.
Администрацијата, исто така, ги објави резултатите од прегледот на секоја програма на УСАИД, што беше наредено од Трамп и Стејт департментот.
Како што се наведува, оваа одлука е поттикната од судски налог со кој на функционерите им било дадено до крајот на вчерашниот ден да ја укинат блокадата на администрацијата на Трамп за финансирањето на странската помош.
Претставниците на администрацијата на Трамп, по повеќекратните предупредувања од федералниот судија во случајот, исто така во вчера рекоа дека продолжиле со плаќање на сметките на УСАИД по повеќемесечната суспензија на плаќањата, ослободувајќи неколку трилиони долари долг за испорака.