Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе имаме облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 0 во Берово до 8 во Гевгелија, а максималните дневни од 6 во Маврово и по 12 Целзиусови степени во Гевгелија и во Скопје.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе се движи од 3 до 12 степени.
За петок метеоролозите најавуваат променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Исто време нѐ очекува и за време на викендот. Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. За во недела се најавени врнежи на снег на планините.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
