Инфлуенсерката Самер Витон е уапсена поради нејзината наводна вмешаност во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, која резултирала со еден смртен случај минатата година.
Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес потврди дека Витон е обвинет за повеќе обвиненија во несреќата, која се случи на 4 јули 2024 година, вклучително и убиство во пијана состојба, како што објавија „Еј-би-си 7 њуз“ и „Си-би-ес њуз““ Таа се предала во шерифската станица во Малибу/Лост Хилс во понеделник, 24 февруари.
Несреќата се случила минатото лето, на 4 јули. Властите велат дека инфлуенсерката, го удрила 44-годишниот возач Мартин Океке на автопатот Пацифик Коуст, кој подлегнал на повредите и загинал во несреќата.
Во тоа време, неколку медиуми, вклучувајќи ги „Лос Анџелес Тајмс“ и „Малибу Тајмс“, објавија дека Витон била на настан во ресторанот „Нобу“ пред да се случи несреќата околу 22:30 часот. Се вели дека автомобилот „мерцедес бенц“ на инфлуенсерката ја преминал средната лента на автопатот и удрил во џип „кадилак“ кој патувал во спротивната насока. По несреќата Витон и возачот од кадилакот се пренесени во болница.
Минатиот јули, било објавено дека „Нобу“ не ја добил соодветната дозвола пред да биде домаќин на настанот. Се наведува дека градските власти тврдат дека ја одбиле дозволата бидејќи сопствениците на рестораните не ги почитувале сообраќајните и безбедносните барања.
Семејството на Океке ја тужела инфлуенсерката неколку месеци по инцидентот за трагичната смрт на возачот. Семејството тврди дека Витон која има над 101.000 следбеници на Инстаграм, била „тешко пијана“ кога се случила фаталната несреќа.