Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social сподели видео создадено од вештачка интелигенција како ќе изгледа Газа по завршувањето на војната и по нејзината реконструкција.
Видеото со наслов „Газа 2025 – што е следно? ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.
Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на местото на уништената Газа.
Целото видео е проткаено со мотиви на луксуз, забава и пари. Во него се појавуваат Трамп и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху како се сончаат на плажа и милијардерот Илон Маск како им фрла пари и други нешта.
Ова видео доаѓа во време на интензивна дебата за американското учество во мировните напори и можностите за обнова на Блискиот Исток.
Белата куќа не го коментираше ова видео и не прецизираше како се вклопува во актуелните стратегии за надворешна политика.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
