Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан престој во САД за такса од 5 милиони долари.
Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека таканаречената „златна карта“ ќе привлече богати луѓе кои би можеле да придонесат во економијата.
– Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе – изјави Трамп.
На прашањето дали може да се пријават и руски олигарси, Трамп одговори дека тоа е можно, додавајќи дека може да замисли и олигарси да бидат меѓу заинтересираните.
– Мислам дека можат да си дозволат 5 милиони долари – додаде тој.
Трамп рече дека програмата ќе почне за околу 2 недели и е наменета да ја замени постоечката инвеститорска виза EБ-5, а истовремено да понуди и пат до државјанство.