Background

Израел извршува смртоносни напади врз Сирија и Либан

Израелската армија соопшти дека во вторникот нападнала воени цели во јужна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во нападите загинале две лица. Армијата го нападна и Либан, каде што две лица загинаа, а уште две се ранети во напад со дрон, јавуваат локалните медиуми.

„Во текот на изминатите неколку часа, ИД (израелските одбранбени сили) нападнаа воени цели во јужна Сирија, вклучувајќи командни центри и бројни локации за оружје“, соопшти израелската војска.

Таа додаде дека присуството на воени сили и опрема во јужна Сирија „претставува закана за граѓаните на Израел“, пренесе француската новинска агенција АФП.

- Advertisement -
Ad image

Според Сириската опсерваторија за човекови права, нападите биле насочени кон два воени објекти јужно од главниот град Дамаск и воени цели во провинцијата Дара. Најмалку две лица загинаа во еден од нападите јужно од Дамаск, соопшти Опсерваторијата.

Новите напади врз Сирија доаѓаат откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека Израел нема да дозволи присуство на сириски вооружени сили во близина на границата со Израел.

Во меѓувреме, израелската армија во вторникот со дрон го нападна и градот Шара во источен Либан, при што загинаа две лица, а други беа ранети, јавуваат локалните медиуми.

Израел и либанското шиитско движење Хезболах постигнаа договор за прекин на огнот на крајот на ноември минатата година. До крајот на продолжениот рок на 18 февруари, израелските сили се повлекоа од селата во јужен Либан, но ги задржаа трупите на пет позиции. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation