Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најстудено ќе биде во Крива Паланка и во Берово, каде утринската температура ќе се симне до минус 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Темпетарурата ќе се искачи до 11 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север, во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.