Археолошкиот музеј на Македонија во среда ќе претстави каталог со 100 предмети од својата богата збирка, дело на 20 кустоси.
„Со искрено задоволство ја најавуваме промоцијата на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ – издание што претставува сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство.
Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација. Во подготовките на каталогот ,,100 Предмети од збирките на археолошкиот музеј” учествуваа 20 кустоси, а издавањето го овозможи Министерството за култура и туризам“, соопшти Археолошкиот музеј.