Background

Нова обврска за трговците – Ќе треба да ги објавуваат сите цените на производите на интернет

Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект.

Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци.

- Advertisement -
Ad image

Како што беше речено на комисиската седница, со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди транспарентност (потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информациите за цените), фер конкуренција (трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби) и заштита на потрошувачите (тие ќе бидат заштитени од нефер практики, како што се скриени трошоци или нејасни цени).

– Како владејачко мнозинство ќе интервенираме за заштита на граѓаните по моделите на повеќе држави како Израел, Франција, а од неодамна и Хрватска.  Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари – нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот.

Предлог-законот предвидува и соодветно дополнување на прекршочните одредби од Законот за заштита на потрошувачите со глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

Вакви законски решенија не се новина и се содржани во законите од областа на заштитата на потрошувачите и успешно се применуваат во Франција и во други држави. Франција има строги правила за заштита на потрошувачите и фер конкуренција, особено во прехранбениот сектор. Овие правила се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите и европските директиви за електронска трговија. Освен тоа, наведените измени и дополнувања се во согласност со Директивата 98/6/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 1998 година за заштитата на потрошувачите при означувањето на цените на стоките што им се нудат на потрошувачите, која е транспонирана во предметниот закон.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите е поднесен група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Измените треба да се донесат по скратена постапка и е на  дневен ред и на денешната 35. собраниска седница.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation