Background

Муртезани се сретна со новиот известувач од Европарламентот за Македонија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани утрово остварил средба со новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања (МЕП), средбата се одржала во пресрет на 23-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, кој претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата.

Муртезани и Вајц укажале на значењето на овој форум како простор за конструктивна размена на ставови и унапредување на соработката, со цел побрза интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

„Во фокусот на разговорот беа Реформската агенда и Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како двигатели на евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани истакна дека Северна Македонија останува посветена на клучните реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економскиот развој, нагласувајќи дека овие напори се од суштинско значење за напредокот во пристапните преговори. Европратеникот Вајц ја потврди поддршката на Европскиот парламент, нагласувајќи дека доследното спроведување на реформите ќе биде клучен фактор во следната фаза од процесот“, се вели во соопштението од МЕП.

На средбата, посебен акцент бил ставен и на Зелената агенда, при што Вајц го поздравил ангажманот на Северна Македонија за одржлив економски раст и енергетска независност преку зелени иницијативи. Било истакнато дека Европската Унија, преку Планот за раст и други механизми за финансиска поддршка, ќе продолжи да ја поддржува земјата во спроведувањето на реформските приоритети.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation