Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Белата куќа на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Разговорите започнаа со онлајн средба за војната во Украина со лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот, чии членки, покрај САД и Франција, се Германија, Велика Британија, Јапонија, Канада и Италија.
Макрон најави дека ќе му каже на Трамп дека е во заеднички интерес на САД и Европа Вашингтон да не покажува слабост за време на преговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина, наведува АП.
Во исто време, Макрон посочи дека начинот на комуникација на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин може да има огромни последици за односите меѓу Вашингтон и Пекинг, кој е најзначајниот економски и воен ривал на САД.
Не можете да бидете слаби пред Путин. Не сте вие, вашата карактеристика, вашиот интерес. „Како можете да имате кредибилитет со Кина, ако сте слаби со Путин“, рече Макрон на социјалните мрежи.