Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а дизелот и маслото за горење за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на бензинот од типот „еуродизел – 95“ ќе биде 79 денари, „еуродизелот – 98“ ќе се продава за 81 денар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 73,50 денари додека екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.
За 0,012 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,178 денари.