Македонската фудбалска репрезентација своите нови квалификации ги стартува на 22. март кога гостуваме на репрезентацијата на Лихтенштајн. Ова ќе биде за нас сосема нова кампања во која што ќе се обидеме да го извадиме максимумот од оваа генерација и да постигнеме резултат со кој што ќе се гордееме.
Токму затоа бодови се потребни од секој и на секој меч, а до нив се стигнува и со поддршка од навивачите.
Па така, предмалку ФФМ објави дека во продажба се пуштени билетите за мечот кој што се игра следниот месец, и детални инструкции како да се купат истите.
Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети за мечот од квалификациите за СП 2026 во секторот од стадионот за гостински навивачи (вкупно 1.232 места) по цена од 15 швајцарски франци.
Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски поддржувачи) чинат 35 швајцарски франци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
