Добиваме конкретна поддршка од сите страни, но имаме земја членка на ЕУ која не враќа во средновековието, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на меѓународната поддршка на Македонија.
– Добиваме од сите страни конкретна поддршка, сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса затануваат и стегаат рака и велат таа е вистината, доста е од двојни стандарди, потребно е да одите напред, но за жал има некои земји членки во ЕУ, една земја членка во ЕУ која што наместо да работиме во 21-от, 22-от век да се враќаме назад во средновековието и во 11-от и 12-от век. Од прилика таа е реалноста, инаку апсолутно добиваме подршка и сите буквално со симпатија гледаат кон оваа малубројна земја во срцето на Балканот со прекрасни граѓани – изјави Мицкоски.
Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за Македонија и подобар живот на македонските граѓани, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на посетата на Вашингтон и Минхен.
– Целта е во што повеќе центри на што повеќе места и пред што повеќе кредибилни соговорници се раскаже вистинската вистина за Македонија и сето она што се случуваше. Често велам, да добро е да победуваме и во Гази Баба, да градиме Културен дом, да градиме булевари, градинки училишта, добро е да е да победуваме и во Скопје, Тетово, во Струмица и насекаде во Македонија, но мора да почнеме да победуваме во Вашингтон, во Брисел, во Берлин, Париз, во Рим, во Лондон… Секаде онаму каде што досега за жал поради неодговорни политичари во минатото, не сме имале амбиција да победуваме – рече Мицкоски.
Преку пркос да ја прикажеме она вистинска вистина која што нас, Македонците и граѓаните во Македонија не боли и создава една фрустрациуја, вели премиерот.
– Нашата амбиција е таква да се обидеме да преку пркос ја прикажеме она вистинска вистина која што нас, Македонците посебно а и граѓаните во Македонија не боли, затоа што тоа е вистината која што ја чуствуваме сите ние и таа создава една фрустрациуја. Ќе продолжиме да се бориме и понатаму, се додека нормално се занимаваме со оваа работа и се додека ја предводам владата, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за вистината за Македонија и подобар живот на македонските граѓани – појасни премиерот.