Background

Дипломатските канали биле отворени уште со победата на Трамп минатиот ноември

Претставници на САД и Русија изминатите месеци се среќаваа во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина, а последната средба беше минатата недела, изјавија три извори за Ројтерс.

Иако учесниците во тие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини претставници и во овој момент не е јасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори.

Тие ги опишаа разговорите како спореден канал, со контакти воспоставени во текот на периодот на транзиција на власта по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

- Advertisement -
Ad image

Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, изјави еден од изворите, директно инволвиран во тоа прашање.
Други детали за овие средби не се познати, вклучително и тоа дали биле присутни и Украинци, кога точно почнале средбите и кои биле темите.

Тие досега необјавени состаноци се показател за заткулисните напори на САД и Русија да ги проучат начините за ставање крај на војната во Украина и покрај речиси замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.

Oд швајцарското Министерство за надворешни работи за агенцијата изјавија дека биле информирани за разговорите.

„Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот“, соопшти Министерството.

Два извори рекоа дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева за време на Минхенската безбедносна конференција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation