Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: „административни и помошни услужни дејности“ (13,2 %), „транспорт и складирање“ (12,3 %) и „рударство и вадење на камен“ (12 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ (13,4 %), „административни и помошни услужни дејности“, „градежништво“ (7 %) и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (5,6 %).

Највисока просечна плата во декември имало во воздухопловниот транспорт од 136.702 денари. Втори се  програмерите со просек на плата од 101.972 денари. Трети најплатени во земјава се вработените  во секторот складирање и помошни дејности во превозот со просечна плата од  68. 919 денари, четврти се оние кои се занимаваат со научно истражување и развој со просек на плата од 65.776 денари додека приближен просек на плата во декември  имаат вработените во финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 61.347 и во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од  61.676 денари.

На спротивната страна со најниска просечна плата од 25.669 се вработените во заштитните и истражните дејности и во рибарството со 26.547 денари. Следат вработените во услужната дејност поврзана со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата на кои им е исплатена просечна плата од 27.185 денари и вработените во кожарската индустрија просек на плата од  27.540 денари.

Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65.582 денари.

Share This Article