Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа.
– Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги – им порача министерката на сметководителите.
Таа ги покани да влезат и во архивата на Министерството да ги остават сите документи.
Протестот се одржува пред Министерството за финансии. Сметководителите повторија дека бараат оние што се времено избришани од регистарот да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024-та и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
