Исчезна Бенкси, едниственото животно кое слика од овој вид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Засолниште за животни во западен Кејптаун, Јужна Африка, нуди награда за информации за нивната овца, по име Бенкси, која последен пат биле видени на 1 февруари.

Животното го добило името по познатиот британски уметник Бенкси, а познат е по неговите слики кои носат значителен приход во засолништето.

– Тоа неделно утро нè посети семејство од Британија кое сакаше да инвестира во уметноста. Сепак, никаде не можевме да го најдеме Бенкси. Мислевме дека се крие, а малку подоцна ја алармиравме полицијата – велат од прифатилиштето.

Тие велат дека се очајни да дознаат каква било информација и нудат награда од 1,2 милиони јужноафрикански ранди (околу 60.000 евра).

– Дали се работи за кражба или некоја злонамерна шега, не знаеме. Не најдовме знаци на упад – велат тие.

Додаваат дека наградата е голема, бидејќи губењето на Бенкси е како губење на член на семејството, пренесува „SmileFM“.

– Се надеваме дека заедницата ќе не поддржи – велат од прифатилиштето.

Сопствениците на засолништето веруваат дека Бенкси научил да слика гледајќи го Пигас, свиња тешка 700 килограми од Јужна Африка, чии слики се продадени за милиони јужноафрикански ранди ширум светот.

– Бенкси е единствената овца во светот што може да слика – велат тие.

- Advertisement -
Ad image

Локалната полиција истражува и кражба на добиток, по исчезнувањето на талентирана овца, но засега нема новини.

 

Share This Article