Денеска ќе имам ведро и многу студено утро, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Температурите ќе бидат во интервалот од -12 до максимални 9 степени.
Во Скопје, наутро ќе биде студено, преку денот ќе биде сончево со слаб северозападен ветер. Температурите ќе бидат во интервалот од -6 до максимални 7 степени.
Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.