Background

Паднаа маржите на 1.000 прехранбени производи

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите до 30 април.

Производите во маркетите треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење имаат замрзнати цени. До крајот на април ќе чинат исто како и на први февруари. За овие производи маржата е ограничена на 5%.

- Advertisement -
Ad image

Маржа од 10% ќе се пресметува  за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци.

На дел од свежото овошје и зеленчук ќе се пресметува маржа од 15%. Истата маржа ќе се пресметува и за средствата за лична хигиена и бебешката храна.

Владата очекува цените на производите опфатени со мерките да се намалат за најмалку 10%.

Паралелно со одлуката за ограничување на маржите и за замрзнување на цените, трговците од Владата добија обврска во маркетите да обезбедат најмалку 70% од количината на продуктите во јануари.

Казните за утврдените неправилности се движат до 20.000 евра.

Вчера реагираа трговците кои побараа повторна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки.

Според нив, со владините одлуки нема да бидат опфатени 1000 производи, туку од 3000 до 4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните.

Одлуките на Владата ги оценија како избрзани и посочија дека со нив се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation