Трамп нема да испраќа американски војници во Украина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа упати критики до неговиот украински колега Володимир Зеленски во врска со неговите забелешки дека не бил поканет на разговорите меѓу САД и Русија за ставање крај на војната во Украина, што се одржаа вчера во Саудиска Арабија.

Тој порача дека Украина е одговорна, затоа што уште на почетокот можела да направи договор за да се избегне војната, но не го сторила тоа.

Трамп во своето обраќање порача дека е уверен дека разговорите меѓу САД и Русија може да доведат до постигнување договор за завршување на војната.

– Многу сум разочаран, слушам дека се вознемирени поради тоа што немало место за нив. Денеска слушнав: „Не бевме поканети“. Па, вие сте таму 3 години… Никогаш не требаше ниту да ја почнете (војната). Можевте да направите договор – рече Трамп пред новинарите во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, прашан за украинската реакција по разговорите меѓу високите претставници на САД и Русија во Ријад.

Трамп додаде дека доколку тој бил претседател кога избила војната, ќе се погрижел Украина да добие сè што сака.

– Можев да склучам договор за Украина што ќе им ја дадеше речиси целата земја. Цела, речиси цела земја. И ниту едно лице немаше да биде убиено и ниту еден град немаше да биде срушен – рече Трамп.

Сега пак, како што вели, е посигурен во мировниот договор по разговорите на кои присуствуваше и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Критикувајќи го Зеленски, американскиот претседател рече дека и просечен преговарач можел да направи спогодба пред неколку години „без загуба на голема територија“.

Трамп, исто така, порача и дека во Украина мора да се одржат претседателски избори.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, ефективна вонредна состојба – рече Трамп, прашан да ги коментира барањата на Русија да се потпише мировен договор дури по изборите во Украина.

Трамп додаде дека „поддршката за Зеленски во Украина е намалена на 4 отсто.

– Народот на Украина треба да каже „знаете, помина долго време откако имавме избори. Не се работи за тоа што Русија го кажува за изборите, туку, како што наведе, за мој личен став, како и за ставот на многу други земји – рече Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател рече дека нема да се спротивстави на распоредувањето на европските мировни сили во Украина во случај на мировен договор.

– Ако тоа е она што го сакаат, супер. Јас сум целосно за – рече Трамп и нагласи дека нема да испраќа американски војници во Украина.

 

Американскиот претседател синоќа најваи и дека „најверојатно“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин пред крајот на февруари. Запрашан за можноста за средба со рускиот претедател Владимир Путин пред крајот на месецот, Трамп кимна со главата и одговори: „Веројатно“, додека ја напушташе просторијата каде што се одржа прес-конференцијата.

Share This Article