Денеска наутро ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Температурите ќе бидат во интервал до -9 до 8 степени.
Во Скопје, утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал до -3 до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.